Дома Трансфер зона Гвардиола пронајде замена за најскапото засилување и тоа е поранешниот фудбалер на Челзи!

Гвардиола пронајде замена за најскапото засилување и тоа е поранешниот фудбалер на Челзи!

Францускиот фудбалер поради повреда ќе отсуствува подолго време од терените.

Бенџамин Менди ова лето пристигна во Манчестер Сити со епитетот еден од најпреспективните леви бекови во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менди минатата сезона одигра одлично во Монако со кој стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, ја освои француската Лига 1, Гвардиола одлучи да го доведе и за него ја плати клазулата од 50 милиони евра.

Сепак, после само четири настапи во дресот на „граѓните“ оваа сезона тој заработи повреда, па мораше да замине на операција, а со самото тоа и на долга пауза.

На Гвардиола му е јасно дека замената за Французинот мора да биде ангажирана веќе во јануари, во овој момент на левата бековска позиција игра Фабијан Делф и добро се снаоѓа, но јасно е дека тој е само привремено решение.

Сега изгледа дека „граѓаните“ пронајдоа фудбалер кој сметаат дека би бил одлична замена, а тоа е левиот бек на Саутемптон и поранешен фудбалер на Челзи, Рајан Бертран. Неговата цена е околу 30 милиони фунти и јасно е дека тоа не е преголем проблем за Сити, па Бертран веќе во јануари би можел да стане „граѓанин“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Амрабат го напушта „Олд Трафорд“, бира меѓу Милан и Јувентус

Софијан Амрабат минатото лето беше на мета на многу европски гиганти, а тој избра кариерат…