Манчестер Сити игра фантастична сезона и е лидер во Премиер лигата, но Гвардиола сака додатно да го засили тимот во јануарскиот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок да го ангажираат дефанзивецот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пеп Гвардиола се откажа од ангажманот на Алексис Санчез, но сака по секоја цена да ја засили дефанзивната линија на тимот.
Капитенот Компани е често надвор од терените поради повреди, па Гвардиола сака да донесе уште еден квалитетен дефанзивец кој ќе може да биде алтернатина за Стоунс и Отаменди.
Сити е спремен да ја плати откупната клаузула на Мартинез која изнесува 32 милиони евра, што и не е премногу ако се земат во предвид денешните цени на трансфер пазарот.
Ињиго Мартинез има 26 години, но веќе неколку сезони е меѓу најдобрите дефанзивци во Примера и Гвардиола смета дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра.
Manchester City will increase their efforts to sign Real Sociedad defender Iñigo Martínez this month. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/mAMFGIMIX3
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 18, 2018