Дома Фудбал Останато Гвардиола: Панчев и шампионски тим на Звезда беа инспирација за многу деца

Гвардиола: Панчев и шампионски тим на Звезда беа инспирација за многу деца

Манчестер Сити со победа против Црвена Звезда во Белград ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите.

На „Рајко Митиќ“ Звезда беше поразена со 2:3, иако англискиот гигант играше со комбиниран тим кој и во таква ситуација изгледаше одлично на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Звезда имаше свои шанси и можеше да постигне уште некој гол. Пеп Гвардиола по натпреварот зборуваше и славните денови на црвено-белите кои со генерацијата на Дарко Панчев во 1991 година беа европски шампиони.

„Посебно е кога играш против ваков историски тим. Станува збор за клуб кој беше инспирација во славните денови, беше европски шампион во едни други фудбалски времиња. Се сеќавам дека како дете вљубено во фудбалот Црвена Звезда ми беше инспирација. Постојано се восхитував на Панчев, Савичевиќ, Просинечки…беа идоли на многу деца ширум светот“, изјави Гвардиола.

Звезда сезона одигра очајно во Европа и групата ја заврши со само еден освоен бод и пет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…