Дома Трансфер зона Гвардиола носи големо засилување од Италија

Гвардиола носи големо засилување од Италија

Српскиот репрезентативец и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ се наоѓа пред трансфер во Премиер лигата, пренесуваат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сергеј оваа сезона блеска во дресот на Лацио и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па најверојатно на крајот на сезоната ќе ја промени средината.

Италијанските медиуми тврдат дека скаути на Манчестер Сити биле синоќа на натпреварот против Болоња за да го следат Србинот и останале воодушевени од неговите перформанси.

Познато е дека „граѓаните“ не штедат пари кога Пеп Гвардиола сака да доведе некој игач, па спремаат богата понуда уште во јануари бидејќи Милинковиќ-Савиќ може да настапува во Лигата на шампиони.

Покрај Сити, силен интерес за играчот за врска покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Јувентус, Интер и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…