Дома Фудбал Гвардиола: Нема да бидам како Алекс Фергусон, не грижете се

Гвардиола: Нема да бидам како Алекс Фергусон, не грижете се

Пеп Гвардиола веќе шеста сезона е на кормилото на Манчестер Сити, а неговиот договор му истекува во јуни 2023 година.

Иако се уште не е јасна неговата иднина, сепак Гвардиола напомена дека нема уште долго да остане на клупата на „граѓаните“.

„Дали би осатанал тука 10-15 години? Нема да станам како Алекс Фергусон, не грижете се“, изјави Гвардиола пред новинарите.

„Година и половина до истекот на мојот договор е многу време во фудбалот. Во моментов има хармонија во клубот, победивме на 18 во последните 20 меча. Понекогаш некои фудбалери кои играат малку не се среќни, но сите останати се задиволни. Во крајна линија во фудбалот е важно дали победуваш или губиш“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…