Дома Фудбал Гвардиола најде замерка на спектакуларниот стадион на Реал Мадрид и испрати порака до Перез

Гвардиола најде замерка на спектакуларниот стадион на Реал Мадрид и испрати порака до Перез

Манчестер Сити ремизираше со Реал во Мадрид, а Пеп Гвардиола по натпреварот најде замерка за ривалот од противничкиот табор.

Пеп ја пофали атмосферата на „Сантијаго Бернабеу“, кој вчера за првпат беше целосно затворен, за навивањето да биде погласно.

„Новиот „Бернабеу“ е навистина спектакуларен, атмосферата беше феноменална, иако претпочитам кога се гледа небото, а единственото нешто беше што тревата беше малку висока. Верувам Флорентино може да се потруди да биде пократка во иднина“, изјави Пеп. во свој стил.

Каталонецот е оптимист пред реваншот на Етихад за седум дена.

„Следната недела ќе ја имаме поддршката од публиката, стадионот ќе биде распродаден. Навивачите нека ни помогнат да постигнеме еден гол, а ние ќе го завршиме останатото“, додаде Пеп.

Натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид е закажан за в среда од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фламенго и Ботафого го следат, но Игор Жезус сака да остане во Англија

Напаѓачот на Нотингем форест претпочита да продолжи во Премиер лигата, додека бразилски кл…