Дома Фудбал Гвардиола му посака успех на Санчез во Јунајтед (видео)

Гвардиола му посака успех на Санчез во Јунајтед (видео)

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го поздрави трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед и му посака успех на Чилеанецот.

Санчез долго време беше поврзуван со трансфер во Манчестер Сити, некои медиуми дури објавија дека потпишал преддоговор, но на крајот сепак ќе заврши на „Олд Трафорд“.

„Играчите заедно со менаџерите решаваат што е најдобро за нив. Нема што да додадам. Моето мислење за Алексис останува исто. За мене беше задоволство да работам со него во Барселона. Тој реши да се пресели во друг клуб и му посакувам се најдобро“, истакна Гвардиола.

„Алексис се уште е играќ на Арсенал, но мислам дека ќе се пресели во Јунајтед. Па така и на двете страни им посакувам успех“, додаде каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…