Дома Фудбал Гвардиола му одговори на Консесиао: Ние непријатни? Добро, ако мислиш така

Гвардиола му одговори на Консесиао: Ние непријатни? Добро, ако мислиш така

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола е задоволен од тоа како се однесуваше тој и неговите играчи во текот на натпреварот против Порто.

Тренерот на португалскиот тим Сержо Консесиао после натпреварот зборуваше дека Гвардиола и неговите играчи се однесувале непријатно во текот на натпреварот.

„Граѓаните“ на „Етихад“ го совладаа португалскиот шампион после пресврт со 3:1 за прво место во групата Ц.  Пеп сега порача дека според него се било во ред.

„Ние не сме сакале да бидеме непријатни. Тие мислат дека сме биле, добро можеби е во право. Јас како што кажав не мислам така. Задоволен сум од себе и од моите играчи како се однесувавме од првата до 90. минута. Ако тој мисли поинаку, во ред е“, одговори Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен или само жолт? Стартот на Диоп ги подели мислењата по ремито во Ипсвич

Иса Диоп остана на теренот по стартот врз Џејмс Мекати во ремито 1:1 меѓу Ипсвич и Нотинге…