Meнаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола забележува дека на Островот сите се „заклучени“ освен фудбалерите кои не прекинуваат со својата работа.
Манчестер Сити се наоѓа во незгодна ситуација, но расположението во тимот на Пеп е одлично најмногу благодарение на важната победа над Челзи од 3:1 во Лондон во последниот премиерлигашки натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес на програмата е градското дерби против Јунајтед во полуфиналето од Карабао Купот.
Гвардиола е свесен дека сите клубови се соочуваат со истиот проблем како и неговиот тим.
„Немаме избор, како и другите тимови така и ние. Мораме да се прилагодиме на оваа ситуацја. Важно е момците кои се позитивни на Ковид-19 добро да се опорават, а останатите да се обидуваат да го избегнуваат колку што тоа е можно“.
Изгледа дека ние сме осамено друштво на Островот. Сите се „заклучени“ осве ннас. Кога луѓето зборуваат дека фудбалерите се посебни изгледа тоа е вистина. Претходно не верував во тоа. Секогаш мислев дека докторите, наставниците, архитектите…сите се исти. Меѓутоа сега се е „заклучено“ освен нашата работа“, изјави Гвардиола.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се игра денес во 20:45 часот.