Манчестер Сити ова лето остана без Хулијан Алварез кој се пресели во Атлетико Мадрид за 81 милион евра.
Во моментов Гвардиола е во потрага по нов напаѓач кој ќе биде алтернатива за Халанд и тоа ќе биде приоритет во зимскиот преоден рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прва желба на Гвардиола е ѕвездата на Копенхаген, Ори Оскарсон, кого сакаше да го доведе уште во летниот преоден рок.
Овој 19-годишен напаѓач покажа дека е голем талент, а со своите физички предиспозиции и чуство за гол многу потсетува на Халанд.
Пеп Гвардиола го гледа Оскарсон како идеална замена за Ерлинг Халанд и цената од 20 милиони евра нема да претставува проблем за „граѓаните“.
🚨 Pep Guardiola and Man City plan on signing a striker in January to help replace Julián Alvarez.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 11, 2024
(Source: @sabah) pic.twitter.com/plzl4rB0Ud