Во недела ќе се игра големото дерби во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, двата англиски гиганти се веројатно во овој момент се и екипите со најдобра форма во светот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јирген Клоп пред овој натпревар даде изјава во која истакна дека Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Сепак, Шпанецот себе си не се гледа како најдобар.




„Благодарен сум на Клоп за комплиментите, нормално дека станав тренер за да бидам најдобар. Му благодарам ама јас не сум најдобар. Би сакал и јас да го кажам тоа, но не можам. Ривалството помеѓу Сити и Ливерпул во последните години започна да наликува на она помеѓу Ѓоковиќ, Надал и Федерер“, изјави Гвардиола.
Натпреварот помеѓу Сити и Ливерпул се игра во недела од 17:30 часот.