Дома Фудбал Англија Гвардиола и Салах најдобри во Премиер лигата

Гвардиола и Салах најдобри во Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е избран за тренер на месецот во Премиер лигата, трет пат по ред, постигнување кое до овој момент го имаше само Антонио Конте.

Каталонецот стана број 1 за ноември, отако „граѓаните“ победија на сите четири натпревари во првенството – против Арсенал, Лестер, Хадерслфилд и Саутемптон.

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах очекувано беше избран за играч на месецот. Египетскиот репрезентативец постигна седум гола на четири меча и е најдобар стрелец во Премиер лигата со 13 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија се бори за подобра позиција во квалификациите за ЕУРО 2028

Италија има шанса да обезбеди подобра позиција за квалификациите за ЕУРО 2028 преку настап…