Дома Топ вести Гвардиола има 230 милиони евра за шопинг: Доведува две ГОЛЕМИ ѕвезди за лов на Лигата на Шампионите

Гвардиола има 230 милиони евра за шопинг: Доведува две ГОЛЕМИ ѕвезди за лов на Лигата на Шампионите

Пеп Гвардиола не ја оствари својата цел во втората сезона на клупата на Манчестер Сити. Познатиот тренер на „Етихад“ беше доведен за да ја освои титулата европски шампион, но неговиот тим беше запрен во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Управата на Сити, на новиот англиски шампион, подготви дури 230 милиони евра за Гвардиола за да доведе фудбалери кои ќе му помогнат да ја освои Лигата на Шампионите. Неговата најголема желба е Тиаго Алкантара, 27-годишниот играч за врска кој го тренираше во Баерн и Барселона. Гвардиола сака да го освежи средниот ред во кој клучни играчи се 32-годишните Давид Силва и Фернандињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Sky Sports“ дознава дека Гвардиола во Манчестер Сити сака да го доведе и Килијан Мбапе. Младиот напаѓач ПСЖ го доведе на позајмица од Монако, а УЕФА го истражува тој трансфер. Споменатиот медиум верува дека катарските сопственици на ПСЖ би можеле веднаш да го продадат Мбапе за да ја решат ситуацијата со УЕФА и да избегнат казна, а токму тоа е она што го чека Гвардиола.

Манчестер Сити сака двата трансфери да ги заврши пред почетокот на Светското првенство кое започнува на 14. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…