Дома Фудбал Англија Гвардиола има „лажен“ профил на Твитер од кој им одговара на критичарите

Гвардиола има „лажен“ профил на Твитер од кој им одговара на критичарите

Често пати фудбалерите и тренерите зборуваат дека не сакаат да ги читаат критиките кои до нив се упатуваат преку социјалните мрежи, а сега медиумите на Островот откриле интересен податок за Пеп Гвардиола.

Пеп Гвардиола после натпреварот за викендот се пожали дека цела Англија е против неговиот тим и сака Ливерпул да биде шампион.

Медиумите пишуваат дека Гвардиола не можел да донесе ваков заклучок ако не следи што се пишува низ медиумите и социјалните мрежи каде што има најмногу коментари.

„Атлетик“ не само што потенцира дека Гвардиола секојдневно следи што се пишува туку и одговара на критиките од „лажен“ профил на Твитер и преку него во тек е со се што се пишува за неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феран Торес се пресели во Париз, но едно нешто не успеа да го земе со себе: „Многу ми недостига!“

Феран Торес откри една интересна страна од неговиот живот по преселбата од Барселона во Па…