Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде многу интересна изјава на денешната пресконференција.
Гвардиола истакна дека Манчестер Сити не може да си дозволи ова лето нов напаѓач, иако „граѓаните“ се сметани за еден од најбогатите клубови во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кун Агуеро на лето го напушта клубот, па се очекува Сити да инвестира голема сума за нов напаѓач.
„Сакам да бидам јасен. Можеби ќе најдеме нов напаѓач за да го замениме Агуеро. Во однос на статистиката тоа е скоро невозможно. Со цените кои се моментално на пазарот, нема да купиме напаѓач. Не можеме да си дозволиме нов напаѓач. Сите клубови имаат финансиски проблеми, ние не сме исклучок“, истакна Гвардиола.