Дома Фудбал Гвардиола заврши во болница, нема да го води Сити во следните два натпревари

Гвардиола заврши во болница, нема да го води Сити во следните два натпревари

Манчестер Сити следните два првенствени натпревари ќе ги игра без Пеп Гвардиола.

Познатиот шпански стручњак одлучи проблемот со болниот грб да го реши со операција и тоа го направи вчера во Барселона.

Таму ќе остане кратко за да се опорави. Тимот на европскиот и англискиот шампион за време на опоравувањето на Гвардиола ќе го предводи неговиот помошник Хуанма Лиљо.

Сити, со две победи без примен гол ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата.

На стартот од првенството го победија Барнли со 3:0 на гости, а потоа го победија Њукасл со 1:0.

Во 3. коло во недела гостува кај Шефилд, а во 4. гостува кај Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Костакурта удри по Милан: По дербито со Интер, европски студен туш

Поразот од Ференцварош со 0-2 го остави Милан на 28. место во Лига Европа, а Алесандро Кос…