Дома Трансфер зона Гвардиола: Ерик Гарсија не играше затоа што оди во Барселона

Гвардиола: Ерик Гарсија не играше затоа што оди во Барселона

Манчестер Сити го освои Лига купот со победа од 1:0 против Тотенхем. Тимот на Пеп Гвардиола беше далеку подобар и заслужено дојде до победа на „Вембли“.

Новинарите после натпреварот ги интересираше зошто за овој натпревар Гвардиола не сметаше на дефанзивецот, Ерик Гарсија (20) кој остана на трибините. Договорот на Гарсија истекува во јуни што значи дека ќе го напушти Манчестер Сити, а негова наредна дестинација ќе биде Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ерик Гарсија е еден од моите омилени играчи. Денес не беше на клупата затоа што верувам дека ќе се пресели во Барселона“, изјави Пеп.

Гвардиола со оваа изјава потврди дека Барселона добива засилување во одбраната од следното лето и тоа без оштета. Гарсија е шпански репрезентативец и производ на „Ла Масија“. Се очекува со Барселона да потпише договор на пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…