Дома Фудбал Останато Гвардиола до Агуеро: Биди внимателен, животот е најважен

Гвардиола до Агуеро: Биди внимателен, животот е најважен

Напаѓачот на Барселона, Кун Агуеро има проблеми со срцето поради кои мора да биде надвор од терените подолго време.

Пораки за поддршка стигнуваат од сите страни, а и самиот Агуеро истакна дека ќе ги следи лекарските совети и се надева дека што побргу ќе се врати на терените.

Во меѓувреме јасна порака и совет стигна од неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола.

„Разговарав со неговиот агент и му испратив порака. Ова се тешки вести за него и неговото семејство. Сите од клубот му посакуваме се најдобро и брзо оздравување. Здравјето и животот секогаш се најважни од било што друго. Сигурен сум дека Серхио е во добри раце и треба да биде внимателен“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алварез стана „персона нон грата“ во Атлетико Мадрид

Ситуацијата околу еден од најпознатите напаѓачи на денешницата зеде сосема неочекуван прав…