Дома Фудбал Англија Гвардиола доби фантастични вести: Им благодарам на физиотерапевтите, пријатно ме изненадија

Гвардиола доби фантастични вести: Им благодарам на физиотерапевтите, пријатно ме изненадија

sane

Пеп Гваридола добива одлични вести и тоа многу побрзо од очекуваното.

Лерој Сане отпатува со тимот во Базел на првиот 1/8 финален натпревар во Лигата на шампионите кој на програмата е вечерва на стадионот „Санк Јакобс Парк“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не е познато дали ќе биде во тимот, но секако дека доколку тоа не биде вечерва ќе биде многу побрзо од првите најави.

Да потсетиме, германскиот репрезентативец доживеа повреда кон крајот на јануари во натпреварот од ФА купот против Кардиф и тогаш од лекарскиот тим на „граѓаните“ беше соопштено дека ќе отсуства шест недели.

Сепак, како што стојат работите неговото опоравување би можело да трае само нешто повеќе од две недели.

„Не е спремен во целост, но дојде со нас. Физиотерапевтите одлично ја одработија својата работа. Секоја чест, многу пријатно ме изненадија“, изјави Гвардиола.

Освен Сане во тимот на „грѓаните“ се враќаат Давид Силва и Фабијан Делф. Надвор од тимот остануваат Бенџамин Менди и Габриел Хесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …