Манчестер Сити е во напредни преговори со Партизан за трансфер на Филип Стевановиќ, пренесуваат српските медиуми.
18-годишниот Стевановиќ важи за еден од најголемите таленти на овие простори, а од минатата сезона е дел од првиот тим на Партизан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми исто така потврдуваат дека преговорите се во напредна фаза и наскоро треба да се реализира трансферот.
Стевановиќ, во јануари ќе потише петгодишен договор, но до крајот на сезоната ќе остане во Партизан како позајмен играч. „Граѓаните“ за неговиот потпис ќе платат околу 6 милиони евра.