Дома Топ вести Гвардиола го „краде“ Даклан Рајс пред носот на Арсенал

Гвардиола го „краде“ Даклан Рајс пред носот на Арсенал

Фудбалерот на Вест Хем и англиски репрезентативец, Даклан Рајс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Даклан Рајс влегува во последната година од договорот и Вест Хем е спремен да го продаде и очекува понуди ова лето.

Силен интерес за него веќе подолго време покажува Арсенал, но Вест Хем ја одби понудата на „топџиите“ од 80 милиони фунти плус бонуси.

„Чеканите“ за слободата на својот капитен бараат 110 милиони фунти и сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Манчестер Сити.

Причината за тоа е што иднината на Гундоган е неизвесна, па Гвардиола верува дека Даклан Рајс ќе биде идеална замена за Германецот.

Сега, Сити ќе сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да понуди 100 милиони фунти за потписот на Англичанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…