Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е затечен од веста за големите последици кои ќе ги претрпи Челзи после замрзнувањето на имот на Роман Абрамович.
Како што е познато британските власти го замрзнаа целиот имот на Абрамович, а Челзи ќе има големи реперкусии поради тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот ќе може да работи под специјални услови, но не смее да прави трансфери, да продолжува договори на фудбалери, а „замрзната“ е и продажбата на клубот.
Гвардиола беше запрашан за коментар на денешната пресконференција, но стратегот очигледно беше во шок.
„Немам мислење! Не ја знам точната причина зошто се случило тоа. Дајте ми неколку дена за да можам да дадам коментар“, изјави Гвардиола.
Делува дека актуелниот европски шампион тешко ќе се опорави од овој удар и дека ќе остане без многу свои ѕвезди ова лето.