Дома Фудбал Останато Гвардиола веќе го известил Сити дека сака во Јуве – позната и причината!?

Гвардиола веќе го известил Сити дека сака во Јуве – позната и причината!?

Тимот на Јувентус се уште нема доведено замена за Масимилијано Алегри, долго време со клупата на „старата дама“ се споменуваат разни имиња.

Во псоледно време две имиња се издвојуваат. На моменти изгледа како Сари да е на чекор од седнувањето на клупата, а на моменти дека Пеп Гвардиола е пред потпис со Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега еден од најдоверливите новинари кога во прашање е Јувентус, Лука Монблано кој живее во Торино објави вест која сигурно ќе ги израдува навивачите на Јувентус.

Монблано тврди дека Гвардиола веќе го известил Манчестер Сити дека сака да се пресели во Јувентус.

Главната причина поради која Гвардиола наводно сака да го напушти Сити е забраната учество во Лигата на шампионите. Според некои информации УЕФА на Манчестер Сити веќе им ја соопштила одлуката и само се чека нејзино официјално објавување.

Инаку, Монблано е човек кој многу често објавува ексклузивни информации поврзани со Јувентус и тој веќе неколку недели наназад убедува дека Гвардиола е првиот кандидат за наследник на Алегри, останува времето да покаже дали е во право.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …