Дома Фудбал Гвардиола вечерва игра во натпреварување во кое не изгубил 1518 дена

Гвардиола вечерва игра во натпреварување во кое не изгубил 1518 дена

Maнчестер Сити вечерва од 21:00 часот ќе игра на гости против Арсенал во четвртфиналето на Карабао купот, натпреварување во кое Пеп Гвардиола последен пат изгубил пред 1518 дена.

Последниот пораз на Пеп во ова натпреварување беше против Манчестер Јунајтед кој тогаш беше предводен од Жозе Мурињо. Натпреварот беше одигран на 26. октомври 2016 година на „Олд Трафорд“, а Јунајтед славеше со резултат 1:0. Подоцна „црвените ѓаволи“ и го освоија овој трофеј.

Гвардиола против Јунајтед тогаш настапи со млад состав во ко јиграа играчи кои денес не се дел од Сити. Сити од тогаш три пати го освои ова натпреварување, а вечерва ќе игра четвртфинале и ќе бара нова шанса за пласман во полуфиналето.

Карабао Купот по важност е пониско рангиран од Премиер лигата и ФА Куп, но Пеп сеедно има мотив да го освојува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола на клупата на САД? Планот зависи и од Манчестер јунајтед

Американската федерација го разгледува Пеп Гвардиола како прва опција доколку Маурицио Пок…