Филип Гачевски брани во фантастична форма во Енозис, популарниот Гача е еден од најдобрите голмани во првенството и го предводи тимот во борбата за опстанок.
На почетокот од доаѓањето во Енозис Гачевски не беше прв голман, но кога ја доби шансата да стане прв голман не ги разочара луѓето во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Трансферот во Кипар за мене беше голема промена. Ми требаше време за адаптација, не очекував дека дека се работи за така тешко првенство. Почнавме лошо, јас бев резерва, но не се откажав и работев напорно. После неколку натпревари на клупата добив шанса и мислам дека максимално ја искористив“.
Гачевски ја следи и ситуацијата со Вардар.
„Ситуацијата со Вардар ја следам цело време. Акцијата со билетите на „Комити“ е навистина добра. Скопје токму сега треба да се разбуди затоа што Вардар е поим за македонскиот фудбал. Се слушам со играчите, добиваат ветувања, датуми…Мислам дека мора конечно да се седне и отворено да се каже што и како ќе биде. Жално ми е да гледам други клубови во врвот на табелата, Вардар мора да ги врати шампионските денови“, порачува Гачевски.