Дома Фудбал Италија Гатусо: Натпреварот против Интер е како финале на Светско првенство

Гатусо: Натпреварот против Интер е како финале на Светско првенство

Иако само што седна на клупата на Милан пред неколку недели, истата веќе се тресе. Неговиот Милан игра уште полошо, а навивачите изгубија трпение после поразот од Аталанта на домашен терен.

Денеска Росонерите играат важен натпревар во четвртфиналето на Купот на Италија, а противник е, ни помалку, ни повеќе, туку градскиот ривал Интер. Џенаро Гатусо со изјавата доволно покажува колку му е важен овој натпревар.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


„Ова за нас е како финале на Светско првенство. Никој не очекуваше дека ќе имаме вакви потешкотии, но ова дерби може да ни ја спаси сезоната во психичка смисла, но и во смисла на резултатот. Сакам да биде се како до сега, но овој пат топката да ја испратиме во мрежата.“ – започна Гатусо.

„Клучни играчи се Иван Перишиќ и Антонио Кандрева. Нив мораме да ги запреме во контра нападите. За Мауро Икарди не треба посебно предствавување. Нема да играме фластер на него. Се спремаме на прав начин да победиме на овој натпревар. Ниедна екипа не е во добра форма, но мора да го притиснеме копчето за рестарт на важен натпревар како што е овој. Сакаме да ги израдуваме навивачите.“ – заклучи Гатусо.

Денешниот натпревар на стадионот Сан Сиро се игра од 20.45 часот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал со победа против Борусија до 15. титула во ЛШ!

Реал Мадрид е новиот европски шампион. „Кралевите“ вечерва ја оправадаа фаворитската улога…