Дома Фудбал Италија Гатузо потпишува нов договор со Наполи

Гатузо потпишува нов договор со Наполи

Џенаро Гатузо ќе потпише нов договор до летото 2023. година, пренесуваат италијанските медиуми.

После поразот против Барселона, Гатузо се состанал со претседателот Де Лаурентис и постигнале договор за продолжување на соработката.

Гатузо покрај продолжување на договорот ќе добие и поголема плата, односно ќе заработува 1.6 милиони евра по сезона плус одредени бонуси.

Покрај тоа, Гатузо добил гаранција и дека Наполи ќе биде активен на трансфер пазарот, што го покажа со трансферот на Виктор Осимен од Лил за 50 милиони евра.

Гатузо ветува борба за врвот во Серија А и гарантира враќање во Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓ…