Дома Трансфер зона Гатузо доби „студен туш“ од Лондон: Арсенал не го дава Тореира

Гатузо доби „студен туш“ од Лондон: Арсенал не го дава Тореира

Џенаро Гатузо го имаше своето деби на клупата на Наполи и авантурата ја започна со болен пораз од Парма.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наполи игра лоша сезона во Серија А, па јасно е дека на тимот му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок, а откриена е првата трансфер мета.

Станува збор за играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира кој е најголема желба на тренерот Гатузо. Раководството сака да му ја исполни желбата и спрема понуда од 25 милиони евра.

Уругвајскиот играч за врска немаше многу простор кај Емери, но под водство на Љумберг игра редовно и тоа може да биде проблем за Наполи.

Се очекува Артета наскоро да биде назначен за нов тренер на Арсенал, а англиските медиуми тврдат дека Шпанецот нема да дозволи Тореира да го напушти „Емиарти“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…