Дома Фудбал Италија Гасперини променил се: Како Аталанта престана да биде клуб за кој целта е 40 бодови

Гасперини променил се: Како Аталанта престана да биде клуб за кој целта е 40 бодови

Магична бројка – 40 бодови. Освен за водечките пет-шест клубови во Серија А кои се борат пласман во Европа и трофеи, за останатите целта е 40 бодови.

Тоа неофицијална граница за опстанок во лигата. Оној кој ќе освои 40 бодови останува со најдобрите. Беше и Аталанта еден од тие клубови за кои пред почетокот на сезоната основна цел е опстанок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа нешто се промени. Аталанта сега е помеѓу најдобрите осум во Европа и не е тоа онаа приказна „играше само едно лето“. Беше Аталанта одлична и минатата сезона. И оваа е. Како што изгледа ќе биде и наредната. Капитенот Алехандро Папу Гомез раскажа како тимот се препородил.

„Се се промени кога дојде Гасперини. Во сезоната пред тоа имавме 14-15 натпревари без победа, но и покрај тоа се беше во ред. Тогаш дојде тој, изгубивме натпревар на пријателски турнир, а тој беше бесен на нас. Целосно ни го промени менталитетот“.

„Гасперини од нас не бараше да освоиме 40 бодови, да обезбедиме опстанок и потоа да се опуштиме. Ни поставуваше нови предизвици како што одминуваше времето, ја промени психата на тимот и така започна ова наше неверојатно патување“, објасни Гомез.

Папу Гомез во Аталанта дојде во 2014 година после кратката епизода во Металист Харков од кој побегна кога почна граѓанската војна во Украина. Призна дека се можело да биде поинаку.

„Бев блиску од Металист да се преселам во Атлетико Мадрид, но судбината ме доведе во Бергамо. Кога бев млад играч мечтаев да играм за некој голем клуб. Тогаш еден ден помислив зошто со некој тренер еден ден не ја направиме Аталанта голема. Кога така си ги поставив работите и ја замислив својата цел, решив да останам во Бергамо и да не одам никаде“.

Како што стојат работите 32 годишниот Аргентинец сака во Бергамо да остане до крајот на кариерата.

„Планот ми е да останам во Бергамо и тука да отворам своја школа за фудбал. Аталанта ја има една од најпознатите академии во цела Европа, па така имам каде да учам“, раскажа Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…