Дома Фудбал Гасперини: Испишавме историја, а тоа го направивме на неверојатен начин

Гасперини: Испишавме историја, а тоа го направивме на неверојатен начин

АТАЛАНТА го победи Баер Леверкузен со 3:0 во финалето на Лига Европа во Даблин и со тоа стигна до својот прв европски трофеј во историјата.

Стрелец на сите три гола за тимот од Бергамо беше Нигериецот Адемола Лукман. Првиот гол го постигна во 12. минута, вториот во 26., а третиот во 76. минута.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За средбата коментираше тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, кому ова му е прв трофеј во долгата тренерска кариера.

“Мислам дека испишавме историја, но начинот на кој го освоивме трофејот е неверојатен. Го повторивме настапот од Ливерпул и Лисабон. Спортинг ја освои лигата, Ливерпул беше прв во Премиер лигата кога игравме таму, Баер Леверкузен доминираше во Бундеслигата”, рече тој и продолжи:

“Ние често играме со тројца напаѓачи, моравме да одиме на победа во финалето. Моравме да бидеме офанзивни, немаше да биде доволно само да се браневме. Знаевме дека овие тимови се одлични кога напаѓаат, но не толку одлично кога ги напаѓаш. Сите беа извонредни, без сомнение.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Човек кој чува овци не може да има авторитет врз судијата што ја оштети Звезда”

Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени од тимот на Милан со 1-2, во рамките на шестото …