Репрезентациите на Гана и Јужна Кореа одиграа фантастичен натпревар со пет гола, кој на крајот и припадна на африканската селекција.
И покрај фактот што Корејците подобро го отворија мечот во првите дваесетина минути, сепак Гана стигна до голема предност до полувремето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мохамед Салису во 25-та погоди за водство, а Мохамад Кудус десет минути потоа го зголеми водството на 2:0.
Меѓутоа Корејците не се предадоа, па тргнаа фуриозно во вториот дел и само за две минути дојдоа до израмнување. Чо Сунг постигна два брзи гола во 58-та и 61-та минута и ја врати Кореа во натпреварот.
Меѓутоа, десет минути подоцна напаѓачот на Ајакс, Кудус повторно ја доведе Гана во водство.
До крајот Корејците се обидуваа да дојдат до израмнување и создадоа неколку големи шанси, но не успеаа да постигнат гол.