Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е тема број еден во француската престолнина.
Неговата одлука да остане во клубот исто така привлече многу полемики, а подоцна повторно се појавија информации дека сака да си замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе остана во Париз и доби услови какви што веројатно нема ниту еден друг играч во било кој клуб во светот. Меѓутоа тренерот Кристоф Галтие тврди дека Мбапе не е над клубот.
„Не еточно дека Мбапе е над клубот. Килијан донесе тешка одлука, му се допаѓа ПСЖ, но го сакаше и друг голем клуб, Реал Мадрид. Сепак, тој донесе одлука да остане. Тоа е добра работа за Лига 1, за неговите соиграчи, за ПСЖ и за мене. Дали е тој над клубот? Не, тоа е неточно. Тој е на исто ниво како и останатите играчи“, изјави Галтие.