Дома Трансфер зона Галтие: Му кажав на Икарди дека може да си бара нов клуб

Галтие: Му кажав на Икарди дека може да си бара нов клуб

Мауро Икарди е отпишан од новиот тренер на ПСЖ.

И претходно низ француските медиуми можеа да се прочитаат вакви најави, а сега пристигна потврда од Галтие. Стратегот на клубот од Париз отворено му кажал на Икарди да си бара нов клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Разговарав со Мауро и му кажав дека не сметам на него, сакам да го намалам ростерот и тој е слободен да бара нов клуб. Понатаму на клубот е да го најде најдоброто решение во договор со Икарди. Малку играше во изминатите три сезони, треба да се разбуди, а тоа го може само во клуб каде што ќе игра повеќе и ќе ги покаже своите квалитети“, изјави Галтие.

Инаку овие денови во јавноста Икарди е актуелен и поради наводниот развод од Ванда Нара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …