Дома Трансфер зона Галијани ја „смирува топката“: Пријател сум со Перез, но не знам ништо за трансферот на Роналдо

Галијани ја „смирува топката“: Пријател сум со Перез, но не знам ништо за трансферот на Роналдо

Главна тема во светските медуми во изминатите денови е потенцијалниот трансфер на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.

Португалецот наводно ги договорил своите услови со „старата дама“, Јувентус испрати и понуда од 100 милиони евра и очекувањата се Реал да ја прифати истата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, работите би требало да бидат многу појасни после вечерашниот состанок за кој на големо пишуваат шпанските медиуми помеѓу Флорентино Перез и Мендеш, агентот на Роналдо.

Сега на темата Роналдо – Јувентус зборуваше поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галијани кој како што самиот кажа е добар пријател со Перез.

„Често разговарам со Флорентино Перез. Пријатели сме и заедно ги коментираме зделките на Реал Мадрид. Но, за продажбата на Роналдо во Јувентус не знам ништо“, кратко порача Галијани за „Кориере дела Сера“.

Како и да е јасно дека, Роналдо и Јувентус ќе бидат главна тема и следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Феликс во проблем: Во Барселона е непотребен, а во Атлетико непожелен

Жоао Феликс на лето би можел да се најде во нов проблем, Барселона не е подготвена да го к…