Поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галијани ја прокоментира можноста Златан Ибрахимовиќ да се врати на „Сан Сиро“.
Наредниот месец на Ибрахимовиќ му истекува договорот со Лос Анџелес Галакси и како слободен играч ќе го избере својот нов клуб, засега како најсериозен кандидат се истакнува Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваа дека Милан му понудил договор на Ибрахимовиќ според кој ќе заработи шест милиони евра за 18 месеци.
Свој коментар за целата ситуација сега даде Адријано Галијани.
„Би било романтично да се врати. Но, јас се држам до тоа да не зборувам за тимовите каде што не работам. Сега сум само навивач на Милан. Враќањето на Ибрахимовиќ би го збогатило италијанскиот фудбал како што беше случај и кога Роналдо потпиша за Јувентус“, изјави Галијани.
И покрај тоа што има 38 години за Ибрахимовиќ владее голем интерес, покрај Милан се споменуваа Манчестер Јунајтед, Болоња, Наполи…