Дома Фудбал Италија Галијани: Само Ибра може да фати соиграч за врат ако не се труди доволно

Галијани: Само Ибра може да фати соиграч за врат ако не се труди доволно

Ибрахимовиќ од вчера и официјално е нов фудбалер на Милан, со што Швеѓанецот се врати во клубот каде што настапуваше од 2010 до 2012 година.

Напаѓачот е во поодминати години (38), но на Милан му е потребна секаква помош бидејќи тимот се наоѓа во долниот дел на табелата. Освен со своите квалитети на теренот од Ибра се очекува и да биде лидер во соблекувалната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот директор на Милан, Адријано Глијани смета дека токму играч како Ибрахимовиќ му е потребен на овој тим.

„Златан има морална цврстина, харизма и одлучност да решава натпревари. Во 31 година поминати во Милан не сум виде друг фудбалер да фати соигрча за врат ако не се труди доволно. Расправии да имало, но не да го фати за врат и да го притисне за ѕид. Сигурен сум дека може да го направи тоа повторно“, изјави Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…