Искусниот стратег Роналд Куман смета дека неговиот сонародник, Коди Гакпо избрзал со трансферот во Премиер лигата и сега ја плаќа цената на својот потег.
Гакпо одигра одлично Светско првенство и веднаш по завршувањето се пресели во Ливерпул каде што се вклопи во сивилото на „црвените“ кои играат слаба сезона. Според Куман, Гакпо требало да почека.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Коди се пресели во екипа на која не и оди најдобро оваа сезона. Тешко е за млад фудбалер ако не постигнуваш голови и твојот тим не победува. Верувам дека поинаку ќе беше ако беше повозрасен и поискусен“.
„Тешка е адаптацијата за младите фудбалери, Премиер лигата е на многу повисоко ниво од холандската, Тоа што му се случи на Гакпо, му се случува и на Гравенберх во Баерн Минхен каде што има мала минутажа. Таква ситуација за млад фудбалер е тешка“, изјави Куман.