Неговото име се наоѓа на врвот на листата желби на „кралевите“.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Еден Азар ќе потпише продолжување на соработката со Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгиецот блеска оваа сезона во дресот на „сините“ кои се во врвот на Премиер лигата од стартот на сезоната, имаат 20 бодови, колку што имаат Манчестер Сити и Ливерпул.
Неодамна самиот фудбалер изјави дека негов сон е да заигра за мадритски Реал и дека еден ден би сакал да го облече дресот на овој клуб, што ги подгреа најавите за овој трансфер, но според најавите на реномираниот медиум репрезентативецот на Белгија ќе остане во Лондон уште некое време.
Наводно, Челзи му спремил договор вреден 18 милиони евра годишно, што се претпоставвува дека ќе биде доволно за Азар да стави потпис.
https://www.youtube.com/watch?v=aVERh3FSWl8