Сопственикто на Манчестер Сити, шеикот Менсур наводно има намера да го купи италијански Палермо, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Групацијата која ја води Менсур расте на сите континенти. Главниот проект секако е Манчестер Сити, но покрај „граѓаните“ оваа групација поседува уште девет фудбалски клубови ширум светот. Во Италија се уште немаат клуб, а тоа би можело да се промени затоа што покажале интерес за Палермо кој во овој момент се натпреварува во Серија Ц.,
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот клуб на Илија Несторовски и Александар Трајковски кој даде и играчи како Кавани, Дибала, Пасторе, Лука Тони, Фабрицио Миколи…Поминуваше низ тежок период поради финансиска криза и стигна да игра во Серија Ц.
Токму евентуалното преземање на овој шеик би можело да значи и почеток во враќањето на клубот од Сицилија на славните патеки.