Дома Фудбал Останато Газдата на ПСЖ: Ќе се вратиме посилни и ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Газдата на ПСЖ: Ќе се вратиме посилни и ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Во екипата на ПСЖ вложени се многу пари. Со доминацијата во Франција нема проблем, но Лигата на шампионите се уште е сон за богатите сопственици.

Оваа година ПСЖ дојде најблиску, играше финале, но Баерн ги победи со 1:0.

Разочаран од поразот беше и сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

„Тажни сме. Не забораваме дека оваа сезона направивме големи работи. Во финалето изгубивме 1:0, но можевме да постигнеме два или три гола. Бевме блиску. Горд сум на нашите играчи, имавме одлична сезона, одигравме супер турнир. Имавме се што е потребно и да победиме на крајот, меѓутоа тоа е фудбалот. Игравме против Баерн и тоа е нешто. Тие се еден од најдобрите тимови во светот. Ова беше наше прво финале, а 11-то за Баерн…Ќе работиме напорно, ќе се вратиме посилни за да го освоиме трофејот“, изјави Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ужасни вести за Реал Мадрид стигнаа од кампот на француската репрезентација

Ибрахима Конате се повреди во кампот на француската репрезентација и се врати во Мадрид ка…