Дома Фудбал Репрезентации Габигол до селекторот Тите: Нема поголем непријател од лажниот пријател

Габигол до селекторот Тите: Нема поголем непријател од лажниот пријател

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, направи неколку изненадувања во списокот на репрезентативци кои ќе настапат на Светското првенство во Катар, а еден од оние кои не добија покана e напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса – Габигол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тите пред два дена го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе го носат дресот на Кариока во Катар, а на него покрај Габигол го немаше и Фирмино кој засега не се огласил за разлика од напаѓачот на Фламенго.

Иако е една од најголемите ѕвезди во бразилскиот фудбал 26-годишниот Габигол остана без покана за националниот тим.

Фудбалерот на Фламенго реши својот бес да го искаже на Инстаграм. Тој остави порака упатена до селекторот на Бразил и јасно стави до знаење што мисли за него.

„Нема поголем непријател од лажниот пријател“, гласи пораката Габигол покрај фотографијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…