Вчера на Европското првенство го видовме најголемото изненадување, Словачка ја победи Белгија со 1:0, а на оваа средба видовме и нова функција на ВАР системот.
При поништениот втор гол на Лукаку во акцијата на Луис Опенда за првпат се покажа и новата функција со која беше проверен допирот со рака на напаѓачот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Топката дизајнирана од „Адидас“ со која се игра Европското првенство во себе има детектор кој го следи секој допир и податоците се испишуваат во облик на линија. Станува збор за нешто слично на „ЕКГ“, а гледачите имаа можност да го видат и во преносот.
VAR disallowed Hand Ball Belgium pic.twitter.com/BT3B9raiEx
— flw_@DieHardUtdFans (@fDieHardUtdFans) June 17, 2024