Спортинг Хихон ја совлада Гранада со 1:0 во 34-тото коло во шпанската втора лига и ја сочува надежта дека наредната сезона ќе се врати во Ла Лига.
Меѓутоа победата на Хихон немаше да привлече некое големо внимание доколку на овој натпревар не паднеше еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После само десет секунди домаќинот поведе и со тој гол на крајот стигна до трите бода. После долгата топка играчот на Гранада топката несреќно ја продолжи до својот шеснаесетник, после што Алваро Тревер со глава го пронајде српскиот напаѓач Урош Ѓорѓевиќ на десната страна кој така страна стрелец на еден од најбрзите голови.