Словенскиот селектор, Веселин Вујовиќ го одбележа ЕП во Хрватска кое мина во низа неправилноста, кога станува збор за натпреварите на неговата репрезентација.
Во неговото последно интервју, Вујовиќ нагласи дека очекува од ЕХФ „одмазда“ поради контраверзните негови коментари по натпреварот против Германија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ако беа храбри, досега ќе ме казнеа по се она што се случи на ЕП. Но, јас уште отсега знам дека дека ЕХФ ќе ми се одмазди, ќе најде некој начин и причина во клупскиот ракомет за да го исполни тоа. Долго сум во ракометот за да не се сомневам за нешто вакво“, истакна Вујовиќ.
Меѓудругото, Вујовиќ го искоментира и настапот на хрватската репрезентација, конкретно играта која ја креираше Лино Червар во тимот.
„Оние кои се бранат од нешто ќе кажат дека резултатот е „добар“ и „успех“, оние кои го разбираат ракометот ќе речат дека петтото место е неуспех. Мислам дека Хрватска вреди повеќе, од моментот кога Лино Червар е поставен на позицијата, тој го немаше Дувњак на располагање, не можеше да гради концепт околу неговата игра. Лино се врати поради медал, не успеа да го одбработи техничко-тактичкиот дел за време на подготовките, а недостасуваше и храброст нешто да се промени. Тоа е ризик, но без ризик не се победува“, заклучи словенечкиот селектор.