Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Вардар ми е во срцето, Македонија втора татковина

Вујовиќ: Вардар ми е во срцето, Македонија втора татковина

Веселин Вујовиќ денес и официјално беше промовиран за нов тренер на Вардар!

За Вујовиќ ова е враќање во Вардар после пауза од осум години. Првпат Вујо го водеше Вардар од 2011 до 2013 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се случија неколу работи од моето заминување, но некои работи не се сменија. Вардар стана европски шампион, стана бренд и ракометарите сакаат да дојдат во Вардар. Сметам дека Вардар е предизвик за мене и со комбиниран тим да се обидеме да ги реализираме целите. Ова е враќање  во мојата втора татковина,Вардар ми е во срцето“.

„Мојата љубов кон Вардар никогаш не згаснала, ниту во периодот кога не бев дел од него. Свесни сме дека тимот не е квалитетен како минатите години, но верувам дека со комбинација од интернационалци и домашни играчи ќе направиме добар резултат сезонава“, истакна Вујовиќ.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…