Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд го опиша престојниот летен преоден рок како одлична можност клубот да изгради тим со кој ќе може да се бори за титула во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“, кои последната титула во Премиер лигата ја освоија во 2013 година се наоѓаат на пет бода од четвртото место на табелата после одиграни 25 кола во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот донесе само едно засилување во зимскиот преоден рок, Бруно Фернандеш од Спортибг Лисабон, а директорот Вудворд ветува повеќе трансфери на лето.
„Анализираме и бираме фудбалери во текот на целата сезона за да можеме да бидеме активни во летниот трансфер период. За нас тоа ќе биде одлична можност да продолжиме да го градиме тимот кој ќе може да се бори за титулата во Премиер лигата и во Лигата на шампиони. Тоа е нашиот приоритет“, изјави Вудворд.
„Инвестираме многу во скаути и анализи. Целта ни е да донесеме фудбалери кои се искусним но во исто време млади и со голем потенцијал за развој“, додаде директорот на „црвените ѓаволи“.