Македонија во второт около на Европското првенство го забележа и вториот пораз. Холандија како и Франција беше пресилна за нашата репрезентација. Поранешниот светски шампион во СЦ „Борис Трајковски“ денес славеше со 15:30.
За разлика од тврдиот почеток на натпреварот со Франција, со Холандија денес од самиот старт гостите лесно ја погодуваа нашата мрежа. Брзо преку Игнер постигнаа Холанѓанките поведоа со 2:0, а ние во четвртата минута преку Дабевска го постигнавме првиот гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По тој гол на Дабевска следуваше серија на Холандија 0:4, за таа серија на гостинските ракометарки придонесе и исклучувањето од две минути на Симона Маџовска во шестата минута.
Избраничките на Савевски серијата ја прекинаа во 10-тата минута кога преку Кипријановска намаливме на 6:2. Со голот на Ангела Јанкуловска во следниот напад и за првпат успеавме да врземе и два гола. (3:6).
По тие наши два гола следуваа три на Холанѓанките, за точно на средина од полувремето преку Моника Јанеска да намалиме на 4:9. Не сме менуваше многу сликата на теренот и во следните минути, играта во одбраната беше нешто што недостасува во нашата селекција.
Сара Ристовска имаше одлични минути во кои изнуди пробивање при еден напад на Холандија и постигна два брзи гола, па во 22. минута имавме 7:13. Треба да се спомене и одбраната на Матеа Чурлиновска пред голот на Ристовска. Претходно една запиша и Јована Мицевска.
На пет минути до крајот од првиот дел Ристовска повторно украде една топка ја пронајде Јована Саздовска која не пропушти да реализира зицер за 8:14.
Со оглед на неколку не реализирани контри кои ги имавме негтивата од минус осум која ја имавме сигурно можеше да биде и помала.
На самиот старт во второто полувреме не помина ниту минута игра Холандија доби пенал, меѓутоа Мицевска не дозволи да биде совладана и го одбрани ударот. Веројатно најубавиот гол за Македонија на денешната средба го постигна Јована Кипријановска во 35. минута, а по тој нејзин гол следуваше нова одбрана на Мицевска.
Изминаа пет минути игра во второто полувреме во кои видовме по еден гол и на двете страни. Ивана Џатевска намали на минус седум (11:18), но Холандија возврати веќе во следниот напад. Беа тоа минути во кои и ние постигнувавме голови, па така не дозволувавме на Холандија да оди на поголема разлика од тие осум гола од првото полувреме.
Во следните минути дојде пад во нашата игра, па така Холандија на десет минути до крајот за првпат дојде до двоцифрена предност (14:24). Во финишот од средбата застана и нашиот напад, па така Холандија само ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со 15:30.
Сара Ристовска беше најефикасна кај нас со четири гола, по два постигнаа Гичевска, Јанеска, Кирпијановска и Саздовска, а по еден Џатевска, Дабевска и Јанкуловска. Мицевска на голот собра седум одбрани, Чурлиновска два.
Групната фаза Македонија ќе ја заврши со натпреварот в среда против Романија исто така во терминот од 18:00 часот.
Фото: РФМ