Дома Кошарка Втор пораз во низа за Лејкерси, шампионот изненаден и од Детроит 🎥

Втор пораз во низа за Лејкерси, шампионот изненаден и од Детроит 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпреварите.

Актуелните шампиони, ЛА Лејкерси влегоа во една мини-серија од два порази во низа. После Филаделфија против Лејкерси вчера се радуваше Детроит (107:92). Поразот на Лејкерси им донесе пад на табелата во Западната конференција и сега се на третата позиција, зад градскиот ривал Клиперси.

Клучната предност во натпреварот Детроит ја направи во последната четвртина кога имаа серија од 16:0. Најрасположен кај Детроит беше Блејк Грифин кој постигна 23 поени, Вејн Елингтон додаде 20. Леброн Џејмс кај Лејкерси мечот го заврши со 22 поени, 7 скока и 10 асистенции. Ист број на поени запиша и Кајл Кузма.

Во останатите натпревари Клуперси едвај го победи Мајами со 105:109, Феникс славеше против Голден Стејт 114:93, а Хјустон триумфираше над Портланд со 104:102.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Притвор по навивачкиот судир, Фемили ги оспорува тврдењата за оружје

Фемили Аеродром ги отфрла тврдењата за употреба на оружје во судирот со ривалските навивач…