Дефанзивецот Илјаз Чилафи во иднина нема да ги брани боите на Брера Струмица.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Чилафи и Брера спогодбено го раскинаа договорот, па така сега тој ќе биде слободен во пронаоѓањето на нова средина.
За тимот на Брера изминатата сезона, Чилафи одигра седум првенствени натпревари.
Денес претходно струмичкиот клуб го потврди и заминувањето на голманот Марко Алчевски кој кариерата ја продолжува во Израел во тимот на Хапоел Ерусалим.