Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Струмица во Израел: Брера го потврди трансферот на капитенот

Од Струмица во Израел: Брера го потврди трансферот на капитенот

Голманот на Брера, Марко Алчевски кој беше и капитен на тимот се сели во првенството на Израел во редовите на Хапоел Ерусалим, потврди утрово клубот од Струмица.

Член на Брера, Алчевски беше од 2017 година со тоа што една сезона помина на позајмица во Борец од Велес.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Нашиот прв голман Марко Алчевски се сели во Израелската Премиер лига  каде од следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Ерусалим. 22 годишниот Алчевски кој е чувар на мрежата и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија, лани беше капитен на Брера и ја имаше најдобрата сезона во својата кариера.

Марко Алчевски за нашиот прв тим во последната натпреварувачка сезона имаше 29 настапи односно беше голман на толку натпревари. Имаше многу одлични одбрани и се покажа како енигма за противничките играчи. Со својата позитивна енергија Марче го сметавме како еден од мотиваторите на нашата игра.

Алчевски во нашиот клуб дојде во август 2017 тата и контуинирано напредуваше со поддршка на нашиот стручен штаб и неговата желба. Во пролетта 2022 година беше половина сезона во Борец во Велес. Паралелно тој е и репрезентативен голман кој сериозно чука на вратите и фудбалската селекција на Македонија“, објави Брера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПМФЛ: Струга го прегази Вардар, Работнички нов лидер

Денеска во рамките од деветтото коло во македонската прва лига се одиграа шест натпревари …